Маж на 73 години нова жртва на коронавирусот во Велес, на лекување во болница 54 пациенти

Објавено на 8 ноември, 2020 во 17:19

Infektivnooddelenie fin

8.11.2020

Седумдесет и три годишниот велешанец бил примен на лекување пред пет дена откако бил на домашно лекување скоро 10 дена со симптоми на Ковид-19. За жал не успеал да ја добие битката со коронавирусот. Починал вчера доцна попладне. 

Денеска во Општа болница Велес се лекуваат 54 пациенти на инфективното одделение и на одделението за физикална медицина.Од нив 50 се потврден позитивни додека четворица се сомнителни. Од вкупниот број на болнички пациенти со коронавирус 18 се на кислородна поддршка. 

Исто така и на интерно одделение има двајца сомнителни лежечки пациенти со симптоми на коронавирус.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.