(ФОТО) Свечена Деветоноемвриска академија во чест на 76 години слободен Велес, доделени највисоките општински награди

Објавено на 9 ноември, 2020 во 16:03

9noemvri2020 fin

9.11.2020

Огромна и бескрајно голема благодарност до живите борци како др Никола Стојанов, борците кои починаа од 1944 година до денеска како и сите кои ги положија животите во Втората светска војна,особено борците на двата партизански одреди „Трајче Петкановски“ ,„Димитар Влахов“ и “Осмата ударна велешка бригада“ добија од граѓаните на Велес пренесени од Градоначалникот Аце Коцевски.

9noemvriborcitepolagaatcveke

9noemvriARM

Одбележувањето на 76 годишнината на Велес годинава се одржа на отворено, поради епидемијата на коронавирусот, и тоа токму на платото пред влезот во Спомен костурницата, каде се наоѓаат и моштите на загинатите партизани од Велес и велешко.

На свечената деветоноемвриска академија обраќајки им се на присутните, градоначалникот Коцевски додаде:

9noemvriKocevski fin

-Со тоа ги остварија идеалите на многу генерации кои се бореа претходно, бунтовници, илинденци, гемиџиите. Борците, партизаните извојуваа победа и ја донесоа долгоочекуваната слобода, социјална правда и се разбира придонесоа ние како македонски народ и другите граѓани кои живеат во нашата земја конечно да имаат своја самостојна, суверена и независна држава. Всушност вие сте тие што денеска ја имаме заслужената слобода заедно со вашите колеги, соборци, партизани и со цивилното население. Бројката од 24 илјади загинати и вие сте најголемиот доказ дека Македонија не е вештачка, ни коминтерновска ниту титова , со секоја чест на заслугите на Тито и на Комунистичката партија, во Втората сцетска војна за добивањето на овој статус што го има Македонија и македонскиот народ. Но сепак Вие сте доказ дека Македонија е дело на Македонците и Вие се изборивте за суверена, самостојна и независна држава. Вие всушност ги остваривте идеалите на Ѓемиџиите, Панко Брашнаров, на БанеАндреев – Ронката , на Кочо Солев кој само копнеел по силно светнатиот ден, но за жал никогаш не го дочекал ,додаде Коцевски.

9noemvriKocikiDimovski fin

d rJovevsoIgorZdravkovski fin

Тој дел од своето обраќање го насочи и кон актуелните прашања поврзани со македонскиот идентитет, правото на Македонците на самоопределба, на јазик велејќи дека ни треба само мудрост и смиреност за да се постигнат идеалите на сегашните генерации.

-Во ова време кога нашата земја повторно се судира со големи проблеми, некои не ни ја признаваат афтокефалноста на црквата, други ни го оспоруваат јазикот, да упатам порака дека во овие мигови треба да останеме приземни, да не го „јавнеме коњот на национализмот“ , да бидеме мудри затоа што само на тој начин можеме да бидеме достојни на делата на партизаните кои беа на вистинската, прогресивната, антифашистичка страна така и ние да бидеме визионери и да го следиме патот кон европските вредности. Мислам дека со трпението се ќе дојде на свое место, правдата на крајот ќе победи. Никој не може нас да ни кажува на кој јазик зборуваме и како ќе се чувствуваме затоа што тоа е суверено право на секоја единка да се изјаснува така како што сака, додаде Коцевски.

9noemvriKocevskiid r Jovev

Годинава Советот на Општина Велес и Комисијата за општествени дејности при доделувањето на највисоките општински награди ставија акцент на најголемите борци за време на епидемијата од Ковид-19. Тоа е проф. д-р Сашко Јовев добитникот на наградата за животно дело „Гемиџии“ за 2020 година, за постигнати резултати во развојот и афирмацијата на Велес во државата и надвор од неа поточно кардиохирургот што го предводеше тимот кој ја изврши првата трансплантација на срце во државата.

DrSilvanaMiskova fin

DrBiljana Trajkova fin

Високото општинско признание „Спомен Плакета“ го добиваја тимот на инфективното одделение во ЈЗУ Општа болница Велес, Итната медицинска служба на Здравствен дом Велес, Епидемиолошкото одделение на Центарот за јавно здравје Велес, тимот на лекари кои ја направи првата трансплантација на срце: Др Тања Анѓуешева – кардиолог, Др Димче Славевски-кардиоанестезиолог, Др Александар Колев-специјализант по кардиохирургија, Катерина Ристовска Јанев-инструментарка и Александра Ристовска Тинев-инструментарка, како и матичните лекари од градот.

D rVesna NikolovskaNedelkova fin

Благодарница по повод празникот на градот, 9 Ноември, годинава добија фудбалерот Енис Фазлагиќ, кајакарот Љубомир Спасиќ, Лајонс клуб Велес и Семејството Пиневи.

Добитници на 9-то ноемвриска Пофалница за 2020 година се м-р Илија Настовски, Филип Коруновски, Снежана Лазарова – Луна и ученикот Христијан Андовски.

Наградата за најстудент „Професор д-р Ѓорѓи Шоптрајанов“ за 2020 година ја доби студентката на факултетот за медицински науки „Гоце Делчев“ во Штип, Ана Трајчева.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.