За 24 часа, 14 новозаразени со коронавирус примени на лекување во велешка болница од каде се транспортира жена во клиника во Скопје
9.11.2020
Десет новозаразени велешани во изминатото деноноќие веќе се пациенти на инфективното и физикалното одделение на Општа болница Велес. Денеска е примена и 62 годишна велешанка, со намалена можност за дишење која во моментов се транспортира во приватната клиника „Жан Митрев“. Транспортот го организира велешката болница на барање на семејството.
Во моментов вкупниот број на хоспитализирани пациенти на инфективно одделение и одделението за физикална медицина изнесува 64. Од нив сомнителни се осум и 56 потврдено позитивни пациенти.
На кислородна поддршка се 20 пациенти.
На интерно одделение, во велешка Општа болница, се лекуваат четворица сомнителни пациенти. Со нив вкупниот број на пациенти изнесува 68 или за 14 повеќе од пациентите кои вчера се лекуваа во болницата. Исто така за двајца е зголемен и бројот на пациенти кои се ставени на кислородна поддршка.
Вчера кислородот им го олеснувал дишењето на 18 пациенти додека денеска на 20 пациенти.
Убавка Јаневска
