Само еден нов пациент примен во велешка болница и без испишани,во изминатите 24 часа
Објавено на 14 ноември, 2020 во 17:28
14.11.2020
Вчера вкупно 77 а денеска 78 пациенти се лекуваат на трите одделенија во Општа болница Велес. Од нив 72 се потврдено позитивни, шест сомнителни и тројца негативни. Последниве не си заминале дома затоа што сеуште им е потребна медицинска помош.
Од вклупниот број на лежечки пациенти 22 се на кислородна поддршка.
Според др Весна Николовска Неделкова, најголем број или 53 се лекуваат на Инфективно одделение, 14 на Физикална и 11 на Интерно одделение.
Ова е исто така деноноќие во кое, за среќа, коронавирусот не беше фатален по животот на ниту еден од пациентите.Очекувањата на медицинскиот персонал се да продолжи и понатаму ваквата состојба.
Стоилко Андреевски
