Почина маж од Велес од Ковид-19 во преполното со пациенти Инфективно во велешка болница

Објавено на 15 ноември, 2020 во 15:31

Infektino fin

15.11.2020

Велешанецот беше на возраст од 69 години, примен на болничко лекување пред два дена, во потешка состојба, со ниска сатурација на кислород како и со позитивен тест. Денеска на болничко лекување се примени двајца нови ковид пациенти.

Со нив бројката на заразени граѓани на кои им треба постојана здравствена помош во болнички услови се искачи на 80 пациенти.

Dr Vesna Nikolovska Nedelkova fin

-63 пациенти се потврдено позитивни, 14 се сомнителни и тројца кои имаат негативен тест но им е неопходна здравствена помош во болнички услови. Од вкупниот број на пациенти 28 се на кислородна поддршка. Еден пациент денеска е испишан од болница со два последователни негативни тестови на коронавирус, рече др Весна Николовска Неделкова.

Од вкупниот број на пациенти на Инфективното одделение се лекуваат 55, што значи дека капацитетот е комплетно исполнет додека на Интерно се 14 и на Физикална 11 пациенти.

 Стоилко Андреевски

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.