24 новозаболени велешани или 64 во вардарски регион и оздравени вкупно 76 од Ковид-19

Објавено на 16 ноември, 2020 во 18:25

veles panorama fin

16.11.2020

Според извештајот на Министерството за здравство, во изминатите 24 часа, се евидентирани 24 новозаразени сограѓани со коронавирус во Велес додека 16 во Свети Николе, 15 во Неготино и девет во Каварадци во вардарски плански регион.

Ова деноноќие битката со опасниот вирус не ја добија освен двајцата велешани на возраст од 89 и 51 години како и еден од Свети Николе на 68 години, двајца од Кавадарци, и по еден од Неготино и Росоман.

Според статистиката на Институтот за јавно здравје во Велес се евидентирани 36 оздравени ковид пациенти, сите од домашно лекување, во Кавадарци 22, во Неготино 14 и во Свети Николе 4 пациенти.

Убавка Јаневска

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.