Утринава починаa тројца ковид пациенти на лекување во велешка болница
17.11.2020
Битката со Ковид-19 утрово на Инфективно одделение во Општа болница Велес ја изгубија еден маж и една жена на возраст од 78 год, кои беа позитивно потврдени на коронавирус, како и втор маж на 71 година примен во тек на вчерашниот ден со многу ниска сатурација и пневмонина типична за Ковид кој не дочека да биде тестиран.
– Вкупниот број на хоспитализирани пациенти во моментов изнесува 88, од кои 73 потврдени или позитивни, 9 сомнителни и 6 со негативни контролни тестови. Од вкупниот број на пациенти 30 се на кислородна поддршка, рече др Весна Николовска Неделкова, портпаролка на ЈЗУ Општа болница Велес.
Според неа бројот на пациенти кои се лекуваат на Инфективно одделение изнесува во моментов 59. Тоа значи дека одделението има поголем број од постоечкиот за лежечки пациенти. Засега станува збор за 5 болни од коронавирус. И Интерно е полно до последн болнички кревет.
Единствено на Физикална, каде се лекуваат полесно болните коронапациенти има слободни уште 10 легла.
Убавка Јаневска
