Триесет и две годишна жена касната од бездомно куче и 60 граѓани казнети за неносење на заштитна маска
Објавено на 18 ноември, 2020 во 16:53
18.11.2020
Каснувањето од бездомно куче се случило вчера ноќта додека во еден часот по полноќ било пријавено во Секторот за внатрешни работи на плоштад “Којник“.
Тогаш била нападната и касната велешанката Џ.К, соопшти денеска портпаролот на на СВР Велес, Верољуб Додевски.
Полицијата, исто така, информираше дека во изминатите 24 часа за непочитување на Уредбата за носење на лична заштита евидентирани се 60 лица од страна на полициските службеници на трите полициски станици што се составен дел на секторот.
Без заштитна маска во Велес се евидентирани 29, во Кавадарци 21 и во Неготино 10 граѓани.
– Против овие лица ќе следуваат соодветни мерки, рече Додевски.
Стоилко Андреевски
