Нови 55 велешани позитивни на коронавирус, во вардарски регион вкупно 117 новозаболени и 92 оздравени пациенти

Објавено на 18 ноември, 2020 во 17:58

Velespanorama fin

18.11.2020

Освен новозаразените 55 граѓани во Велес, во изминатите 24 часа има и во Кавадарци 40, како и во Свети Николе и во Неготино по 11, соопшти во последниот извештај Министерството за здравство.

Денеска нема починати пациенти ни во Велес ниту во вардарски плански регион.

Според евиденцијата на Институтот за јавно здравје регистрирани се и вкупно 92 оздравени ковид пациенти и тоа во Велес 38, во Кавадарци 29, во Свети Николе 15 и во Неготино 10.

Состојбата во градот е сериозна ако се земат во предвид статистичките показатели според кои активно позитивни се 770 велешани. Од нив на домашно лекување се 691 додека двајца во ГОБ „8 Септември“ и седум во приватни клиники во Скопје.

Стоилко Андреевски

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.