Седум од девет возила кои вршат јавен превоз не исправни, 39 велешани казнети за неносење на заштитна маска и една тепачка за едно деноноќие

Објавено на 19 ноември, 2020 во 10:50

soobrakajnapolicija fin

19.11.2020

Акциска контрола на возила кои вршат јавен превоз, во времетраење од шест часа, вчера спровел Секторот за внатрешни работи Велес. Поточно контролата се спроведувала од 10.00 до 16.00 часот, освен во Велес и во Кавадарци и во Неготино. Сообраќајните полициски службеници констатирале девет прекршоци.

Од вкупниот број седум биле регистрирани во Велес додека два прекршоци во Кавадарци.

-Против прекршителите ке бидат поднесени соодветни пријави, рече портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски.

Исто така во изминатите 24 часа, полициски службеници на трите полициски станици на овој Сектор за внатрешни работи, евидентирале 57 лица за непочитување на Уредбата за носење на лична заштита.

Во Велес 39 граѓани не носеле заштитна маска, 14 во Кавадарци и четири во Неготино. За нив полицијата соопшти дека ќе превземе соодветни закосни мерки.

Во полицискиот билтен, исто така, е евидентирана и една тепачка што се случила вчера, доцна попладне или околу 18.00 часот во населба Градско каде на ул.„8-ми Септември“ С.К.(53) од населба Чашка физички го нападнал С.Ф.(60) од населба Градско.

По целосно документирање на случајот ке биде поднесена соодветна пријава, соопшти СВР Велес.

Стоилко Андреевски

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.