Црн корона петок во Велес: Починати шест велешани и велешанки

Објавено на 20 ноември, 2020 во 14:10

Infektino fin

20.11.2020

Вчера доцна попладне и вечер во Општа болница Велес починаа двајца мажи од кои првиот на возраст од 79 години со негативен тест на Ковид додека вечерта и маж на 63 години откако неколку часа претходно бил донесен во тешка состојба, позитивен на Ковид, кој починал набргу после приемот.

Утринава во болнички услови починати се уште четворица пациенти. Три од нив се жени на 81година, на 85 години и на 76 годишна возраст и еден маж на 59 години. Сите биле пациенти позитивно потврдени на коронавирус.

Во моментов во Општа болница Велес се лекуваат вкупно 80 ковид пациенти. Од нив на Инфективно 54, на Физикална 15 и на Интерно 11 пациенти.
Од вкупниот број 69 се потврдено позитивни, 10 се сомнителни и еден е негативен на коронавирус а има симптоми на заразното заболување.

Од вчера до денеска има нови двајца пациенти кои се на кислородна поддршка или вкупниот број изнесува 30.

Инаку, вчера претпладне починаа уште двајца пациенти што со двајцата починати доцна попладнето и вечерта вкупно изнесуваат четворица. Црниот биланс ка коронавирусот се повторува и денеска кога се евидентирани нови четири пациенти кои ја изгубија битката со невидливиот непријател на човечки животи.  

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.