ДОМ Велес: Преку „Граѓански дневник“ да ги доближиме институциите до граѓаните
2.12.2020
Во ова време на пандемија од Ковид-19 кога е потребно да се почитуваат мерките на негрупирање, оддржување растојание со цел заштита на здравјето, интернетот нуди добра можност да останеме во контакт со сите граѓани. Интернетот ни нуди можност да ги доближиме институциите на системот до граѓаните, се вели во соопштението на Општинската организација на ДОМ Велес.
„ Европските зелени, формираа интернет форма – Граѓански Дневник преку која сакаме со помош од граѓаните да ги сумираме, детектираме и актуелизираме сите приоритетни ситуации, состојби, потреби за реакција од надлежните институции и проблеми, како и да ги поддржиме сите позитивни предлози и иницијативи со главен фокус на животната средина, екологијата, антидискриминацијата, туризмот, но не исклучувајќи ги и другите области. Од посочените теми, проблеми, ситуации и конкретни предлози ќе бидат формирани или пратенички прашања кои ќе ги доставиме до пратениците во републичкото Собрание и поддржувачи за „ЗЕЛЕН ВЕЛЕС“, г-ѓа Маја Морачанин (воедно и претседателка на ДОМ) и г-дин Мирослав Богдановски (потпретседател на ДОМ); или до Министерството за животна средина и просторно планирање и Заменик министерката г-ѓа Христина Оџаклиеска, Инспекторатот за животна средина и Директорката Ана Петровска; до Агенцијата за туризам и Директорот Љупчо Јаневски или преку нив до други надлежни институции или одговорни лица, а грашаните повратно ќе ги информираме,“ пишува во соопштението на ДОМ – Велес.
Од партијата на граѓаните им ги ставаат на располагање и линковите за пишување на предлози и пораки. Тоа се www.facebook.com/domveles
www.dom.org.mk .
Убавка Јаневска