Починаа двајца велешани од ковид-19, на лекување во велешка болница вкупно 38 пациенти
Објавено: 28 декември, 2020, во 15:25 часот
28.12.2020
Двајцата починати ковид пациенти се мажи. Првиот кој почина утрово е на возраст од 62 години, лекуван 4 дена на Инфективно одделение исто како и вториот на возраст од 81 година. Вкупно 90 велешани се починати од почетокот на епидемијата до денеска.
Во моментов во Општа болница Велес се хоспитализирани 38 ковид пациенти, од кои 30 се потврдено позитивни, 2 пациенти се сомнителни и 6 пациенти се со негативен тест но задржани на болничко лекување. Од нив на кислородна поддршка се 16 пациенти.

На Инфективно одделение се лекуваат 34 и на Интерно одделение 4 пациенти. Исто така денеска од велешка болница испишани се 5 пациенти како оздравени, со по 1 негативен тест.
Убавка Јаневска



