Само четири новозаболени и 25 оздравени велешани од коронавирус
Објавено: 28 декември, 2020, во 15:45 часот
28.12.2020
Центарот за јавно здравје Велес денеска евидентира четворица новозаболени сограѓани од ковид-19. Со нив вкупниот број на ковид болни, од почетокот на епидемијата, изнесува 2718 лица. Оздравени се 25 ковид пациенти и со нив вкупниот број изнесува 2056 велешани.
Сепак, висок е бројот на активни на вирусот, поточно 573 граѓани.

Дваесет и шест се на лекување на Инфективно одделение во Општа болница Велес додека три во приватни клиники во Скопје, двајца велешани во Болница Козле, еден на Торако васкуларна Клиника и 541 заболени од ковид-19 се лекуваат во домашни услови.
Стоилко Андреевски



