Во велешката болница хоспитализирани се 30 пациенти, осум од нив на кислородна поддршка
Објавено на 3 февруари, 2021 во 15:16
03.02.2021
Во Општа Болница Велес, хоспитализирани се 30 пациенти. На Ифнективно одделение се сметени 25, додека на Интерно одделение пет пациенти.
-Дваесет и двајца пациенти се потврдени позитивни, пет сомнителни тројца пациенти се со негативен брис но задржани на боличко лекување. – соопшти д-р Елеонора Јованова.
На кислородна поддршка се вкупно осум пациенти.
Во текот на неделата бројот на позитивни пациенти расте, се апелира до сите граѓани да ги почитуваат мерките за заштита од корона вируот.
Стефани Манева