Во велешка болница вкупно хоспитализирани се 45 пациенти
Објавено на 9 март, 2021 во 15:11
09.03.2021
Во Општа болница Велес, вкупно се хоспитализирани 45 ковид пациенти. На Инфективно одделение се лекуваат 39, додека на Интерно само шест пациенти.
-Триесет се потврдени позитивни, девет сомнителни и шест пациенти се со негативен брис но задржани на болничко лекување, соопшти потпаролката д-р Елеонора Јованова.
На кислородна поддршка се 14 пациенти.
Во текот на денот испишани се тројца пациенти како оздравени со по еден негативен тест.
Стефани Манева