Пуштен на домашно лекување повредениот моторциклист во сообраќајката кај Венуле
02.04.2021
Сообраќајната незгода се случи на делницата од автопатот Градско-Велес, кај местото „Венуле“, во која со потешки телесни повреди се здоби моторциклистот Н.П (28) од Велес. Управувајќи го моторциклот марка „Сузуки“ со велешки регистарски ознаки, тој паднал на коловозот по што била повикана Итна медицинска помош која укажала прва помош и го транспортирала повредениот моторциклист во Општа болница Велес.
Од Општа болница Велес информираа дека моторциклистот бил хоспитализиран вчеравечер околу 18:00 часот на Одделот за хирургија. По извршени прегледи и снимања дежурниот лекарски тим константирал повреди како што се скршеница на десна подлактица и нагмечувања на рамо и на двете колена.
Лицето е задржано на опсервација 24 часа на одделот за ортопедија, по што лекари ортопеди константирале дека по укажаната лекарска помош пациентот може да замине на домашно лекување.
Стефани Манева
