Почина пациентка од ковид-19 во Општа болница Велес, еден пациент транспортиран во ГОБ „8-ми Септември“
Објавено на 13 април, 2021 во 14:30
13.04.2021
Почина жена на 56 годишна возраст од Велес, позитивна и лекувана во Ковид центарот на Физикално одделение.
Во текот на денот, маж на 70 годишна возраст е транспортиран во ГОБ „8-ми Септември“ во Скопје.
Денеска во велешка болница вкупно се хоспитализирани 104 ковид пациенти од кои 86 се потврдени позитивни, четири сомнителни и 14 пациенти со негативен брис но задржани на болничко лекување.
На кислодорна поддршка се вкупно 43 пациенти.
Најголем број од болничките пациенти се лекуваат на Инфективно одделение поточно 50, на Интерно одделение и физикална по 11 пациенти и во Модуларна болница 32.
Испишани се четворица пациенти како оздравени со по еден негативен тест.
Стефани Манева
