Вкупно 91 ковид пациенти се лекуваат во Општа болница Велес
Објавено на 19 април, 2021 во 13:26
19.04.2021
Во велешката болница хоспитализирани се вкупно 91 ковид пациенти. Од нив, 77 се потврдени позитивни, осум сомнителни и шест пациенти се со негативен брис но задржани на болничко лекување.
На кислородна поддршка се 44.
Најголем дел од болничките пациенти се лекуваат на Инфективно одделение, вкупно 46, на Интерно одделение седум, во Физикална се лекуваат девет ковид пациенти и во Модуларна болница 29.
Стефани Манева