Кражби, тепачки и седум сообраќајки се случиле изминатава недела во велешко
Објавено: 26 декември, 2013, во 11:01 часот
Арамиите не мирувале ниту изминатава недела. Во Велес се случиле две тешки кражби во кои пленот со кои избегале, неканетите гости, од домовите на граѓаните е позамашен. Имало и две тепачи во кои тупаници си размениле по две групи на граѓани.
Нарушен бил јавниот ред и мир во Велес и со расправии на висок тон, се случиле и два физички напади врз граѓани а полицијата му пишала казна и на велешанец кој без заштитна маска шетал куче на улица .
Во изминатата недела на патните правци во велешко и во регионот кој го покрива полициската станица за безбедност на сообраќајот на патиштата се случиле седум сообраќајни несреќи.
Две од нив се случиле на градски улици и пет надвор од населено место. Во несреќите четири лица се здобиле со телесни повреди, соопшти СВР Велес. /Б.Н


