Министерството им го продолжи рокот на земјоделците од Велес за поднесување на документи за субвенции
Објавено: 20 август, 2026, во 14:56 часот
Во Подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во Велес, земјоделците и сточарите започнаа со поднесување апликации за субвенции.
Право на директни плаќања имаат земјоделски стопанства кои се запишани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства и во Регистарот на одгледувалишта на животни.
За да имаат доволно време за аплицирање и да се избегнат гужви, рокот за поднесување на пријавите продолжен е до 30 септември, годинава.
Дијана Иванова



