По втор пат не се продаде велешката туланица
Објавено: 27 март, 2014, во 14:21 часот
Никој не се јави ниту на вториот оглас за продажба на најстарата керамичката индустрија во Македонија, која е во стечај. Стечајниот управник Ацо Петров вели дека нема интерес од потенцијални купувачи иако цената на фабриката е намалена за 30 одсто, од прво утврдената цена од 3,7 милиони евра.
Сега туланицата ќе треба да се продава по електонски пат бидејки стапи во сила законот за електронска продажба, со наддавање, без почетна цена и со уплата на 10 одсто од проценетата вредност од 3,7 милиони девра.

– Продажбата на „Киро Ќучук“ ќе започне веднаш по завршувањето на постапката за легализација на имотот кој е во тек. Постапката, согласно новиот Закон, е итна и ја води Основниот суд во Велес, рече стечајниот управник Петров.
Туланицата во Велес, лани на крајот од годината,отиде во стечај, поради неподмирени обврски од над 11 милиони евра. Управата за јавни приходи е најголем доверител со 6,1 милион евра./Д.С


