Полицијата трага по разбојникот што, викендов, ја ограби аптеката во Велес

Објавено: 28 октомври, 2013, во 14:01 часот

Потрагата продолжува и се работи на расветлување на случката, рекоа од полициската станица. Како што дознава Дума.мк повикани биле лица на распознавање. Случката која ги вознемири граѓаните се случи завчера вечерта кога разбојникот држејки нож во рацете влегол во аптеката на „Цитофарм“ на улица „Димитар Влахов“. Таа е дел од зградата на Универзитетот или поранешен хотел „Вила Зора“.

Разбојникот ја затекнал фармацевтката на пултот за продажба на лекови. Жената била сама во аптеката. Таа се уплашила од сликата што ја видела. Разбојникот кој држел нож во рака влегол околу 19.10 часот, имал црна спортска капа и ништо не прозборел. Набрзина поминал низ просторијата, го заобиколил пултот и се нашол пред касата која ја отворил и од неа го зел дневниот промет од 11, 5 илјади денари. Потоа ја здогледал ташната на фармацевтката. Ја зграбил и ја отворил а кога го нашол новчаникот ги земал и 3,5 илјади денари, пари на вработената. Потоа се дал во бегство./Б.Н

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.