Вечерва премиера на музичко драмскиот перформанс „Чекори кон Европа“ – Македонија и Словенија, во Велес
Музичко драмски перформанс „Чекори кон Европа“ – Македонија и Словенија ќе изведат членовите на театарската трупа „Словото“ ,вечерва во Велес. Премиерното прикажување ќе се случи во салата “Бели Мугри“ со почеток во 18 часот.
Тоа е перформанс во кој се говори за различностите и сличностите на двата народи во двете држави. Во преставата настапуваат деца кои низ збор, глума и игра ги преплетоа македонската и словенечка култура. Автор на проектот е актерката на велешки театар Весна Димитрова Бобевски и е поддржан од Амбасадата на Република Словенија во Македонија. На вечерашното премиерно прикажување ќе биде присутен и Амбасадорот на Република Словенија во Македонија Бранко Раковец.
Перформансот „Чекори кон Европа“ – Македонија и Словенија , на крајот на месец ноември, беше предпремиерно прикажан во Љубљана во Словенија. Младите актери од театарската трупа „Словото“ ги воодушевија Македонците кои живеат во овој град и учениците во две основни училишта во Љубљана./Б.Н