Вечерва премиера на музичко драмскиот перформанс „Чекори кон Европа“ – Македонија и Словенија, во Велес

Објавено: 16 декември, 2013, во 08:56 часот

Музичко драмски перформанс „Чекори кон Европа“ – Македонија и Словенија ќе изведат членовите на театарската трупа „Словото“ ,вечерва во Велес. Премиерното прикажување ќе се случи во салата “Бели Мугри“ со почеток во 18 часот.

Тоа е перформанс во кој се говори за различностите и сличностите на двата народи во двете држави.  Во преставата настапуваат деца кои низ збор, глума и игра ги преплетоа македонската и словенечка култура. Автор на проектот е актерката на велешки театар Весна Димитрова Бобевски и е поддржан од Амбасадата на Република Словенија во Македонија. На вечерашното премиерно прикажување ќе биде присутен и Амбасадорот на Република Словенија во Македонија Бранко Раковец.

Перформансот „Чекори кон Европа“ – Македонија и Словенија , на крајот на месец ноември, беше предпремиерно прикажан во Љубљана во Словенија.  Младите актери од театарската трупа „Словото“ ги воодушевија Македонците кои живеат во овој град и учениците во две основни училишта во Љубљана./Б.Н

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.