Три илјади граѓани се вакцинирани од сезонски грип во Вардарскиот регион
Потрошени се сите 3 илјади дози на вакцини против сезонски грип кои ги доби Центарот за јавно здравје во Велес. Со нив се вакцинираа граѓани од Вардарскиот регион. Во Велес вакцина против сезонски грип примиле 850 граѓани. Тоа биле претежно стари и хронично болните граѓани.
– Овие податоци говорат дека три илјади луѓе се заштитени од инфективното заболување и во исто време тие нема да пренесат некому грип. На тој начин се скратува можноста од создавање на епидемија, рекоа од Центарот за јавно здравје во Велес.
Сега министерството за здравство ја превзело обврската за набавка на нова, дополнителна количина на вакцини против грип. Во центарот во Велес засега немаат информации до каде е постапката со набавката. Одтаму рекоа дека и не очекуваат некоја посебно голема потреба бидејки е потрошена стандардната количина од 3 илјади дози која со години се користела во регионот на централна Македонија.
За споредба, годинава, во Штип биле потрошени 800 дози на вакцини против сезонски грип додека со 5 илјади се вакцинирале скопјани. Сепак во Центарот за јавно здравје очекуваат дека министерството ке набави нова количина која ке се чува како залиха која ке се употреби доколку се појави инфективното заболување и состојбата се искомплицира./Б.Н