Во Велес фатен и однесен во затвор валандовец баран со три централни потерници

Објавено на 25 октомври, 2024 во 15:22

Полициски службеници на СВР Велес, вчера попладне, во 16:00 часот го лишиле од слобода Ѓ.П.(57) од Валандово, кој бил баран по три централни потерници.

-Лишувањето од слобода е врз основа на судски наредби за издржување вкупна казна затвор од две години и шест месеци за сторени кривични дела „измама“. Исто така, лицето било барано и по неколку локални расписи, исто така, поради сомнение за извршени кривични дела „измама“, соопшти Сектор за внатрешни работи Велес.

Од Полициска станица Велес Ѓ.П. бил спроведен во Казнено – поправната установа „Затвор Гевгелија“ за издржување на затворската казна.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.