Уште една недела за пререгистрација на невработените за здравствено осигурување
Објавено: 24 март, 2014, во 12:28 часот
Здружението на приватни лекари со апел до велешани, да се пререгистрираат во Фондот за здравствено осигурување бидејки остана уште една недела од рокот за невработените граѓани. Крајниот рок е 31- ви март.
Од Здружението на приватни лекари со апел до нив да го искористат рокот и да се пререгистрираат во Фондот за здравствено осигурување. Ако не го сторат тоа прегледот кај својот матичен лекар или кај специјалист, наместо без пари ќе им биде наплатен приватно.
Досега во подрачното одделение на Фондот за здравствено осигурување се пререгистрирале само половина од невработените велешани осигурани преку Агенцијата за вработување. Пререгистрацијата почна на први февруари годинава. Ако не ја исполнат оваа законска обврска, граѓаните остануваат без здравствено осигурување. Тогаш не ќе можат бесплатно да користат ниту ортопедски помагала./Д.С


