Во гимназијата „Кочо Рацин“ завршува а во основното училиште „Св. Кирил и Методиј“ реконструкцијата е во полн ек

Објавено: 15 февруари, 2014, во 10:44 часот

Фасада со термо изолација, нов под, ПВЦ прозори, економични светилки и нов покрив доби најстарата Гимназија во државата. Во заедничката зграда, која ја дели со средното хемиско училиште „Димитрија Чуповски“, има и нов котел како и котларницата за затоплувањето на двата дела на објектот. Парите за нивна реконструкција како и за промената на прозорите на спортската сала ги обезбеди општината додека министерството за образование за останатите градежните работи од Буџетот на државата и со кредит од Банката за развој при Советот на Европа во висина од 22.000.000 денари.

– Навистина сум задоволен од сето она што е сработено. Најзадоволен сум што успеавме да им обезбедиме нормални услови за изведување настава на учениците во Велес.  Гимназијата,  доби нов лик. Работите добро се одвиваат во основното училиште „Кирил и Методиј“ и очекувам во најскоро време тие да завршат“, рече министерот Спиро Ристовски кој ги посети двата објекти.

Тој соопшти дека министерството, во текот на годинава,  ќе се обиде да обезбеди сретства и за реконструирање на преостанатиот дел од зградата кој го користат учениците на средното хемиско училиште.

Градоначалникот Славчо Чадиев побара поддршка и за реконструкција на уште неколку училишта во велешко на кои им е потребна итна санација.

– Покрај досегашните поправки и реконструкции и  понатаму ни е потребна помош за поправки на уште неколку училишни згради на територијата на општината за целосно да ги подобриме условите за изведување на настава, рече Чадиев.

Во моментов се реконструира и основното училиште „Свети Кирил и Методиј“ во Велес за што се обезбедени  15,5 милиони денари. /Б.Н

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.