Велешанецот Боре Левков – пет децении фотограф и градски хроничар

Објавено на 27 февруари, 2016 во 10:30

Со фотографскиот апарат се дружи од својата петнаесет годишна возраст, ги фотографираше сите значани личности за родниот град, ги овековечи настаните кои се случуваа на велешките маала, сокаци, улици, пред спомениците и институциите. Голем е бројот на граѓани чии ликови на црно белите фотографии стојат во неговата архива. Семејниот фотограф и градскиот хроничар Боре Левков одбележа вреден јубилеј, пет децении од својата фотографска кариера. Го помнат помладите и не го заборавиле постарите сограѓани затоа што во нивните семејни албуми стојат фотографиите што ги направил Фото Боре. Тоа е препознатливото име, прекарот за човекот кој им овозможил токму преку фотографиите да се потсетат како изгледале кога биле бебиња и деца, тинејџери, се до возрасни и зрели луѓе. А без фото Боре не започнуваше ниту една официјална манифестација во Велес.

Светкањето на блицот од неговиот фотографски апарат го означуваше почетокот на настаните и случувањата во градот. Фотографот никогаш не задоцни затоа што темпераментниот велешанец пред време излегуваше од зградата на Народниот музеј и секогаш стигнуваше прв пред сите.

„ И претходно. Таква навика стекнав уште од времето на работењето кај мојот мајстор Душко, во велешката чаршија. Ми ги вративте сеќавањата на тој период од мојот живот. Јас чирак а во Велес доаѓа тогашниот претседател на Југославија, Јосип Броз Тито , поточно во 1967 година. Јас го фотографирав кога се симна од лимузината на плоштад Сармаале пред хотелот Интернационал. На црно белите фотографии го овековечив неговото присуство во нашиот град. Тие моменти се случуваа кога зад себе го имав веќе двегодишното сликарско искуство а бев гимназијалец. Тогаш летниот распуст се минеше во изучување на занаети. Наместо одмор ние учевме а јас одбрав да научам да фотографирам,“ рече мајстор Боре.

Соседот на познатото грнчарско семејство Левкови, Андон Нестор, бил човекот што дошол едно попладне во нивниот дом каде испил кафе, поразговарал со родители и го однел гимназијалецот во дуќанот на фотографот Душко. Таму младото момче ги минело првите десет години во учење го занаетот.

„Имав среќа да учам занает кај добар мајстор. Тој пак занаетот го испекол кај уште подобар мајстор. Зборувам за фотографот Дамаскин. Кога јас го учев занаетот на спротивната страна на улицата во старата чаршија беше студиото на мајстор Љубе Манушев, син на Дамаскин. Тогаш особено беше значајно да се совлада сликарската техника ретуширање. Јас тоа го усовршив лесно а за мојот успех разбраа сите па затоа еснафот ме призна за фотограф. Напредував брзо,“ рече мајстор Боре.

Чиракот брзо учел. Паралелно и гимназија и занает. Го завршил образованието и уште кратко време потоа му било потребно за да се стекне со квалификацијата мајстор за фотографија. Тогаш за него се отвориле вратите на Народниот музеј. Институцијата имала потреба од фотограф. Мајстор Боре ја прифатил понудената работа.

„ Во 1974 година ја фотографирав целата свеченост на тргнувањето на Штафетата на младоста од велешка Топилница. Две години подоцна се вработив како фотограф во Народниот музеј во Велес. Додека работев во таа институција ги фотографирав првиот македонски претседател Киро Глигоров, многу други државници, сите свечени и редовни седници на општината, одборниците, советниците и пратениците,“ рече мајстор Боре.

Со апаратот во раце марка „Практика“ со кој аналогно се фотографираше и се вадеа слики од филм со триесет и шест пози мајстор Боре сликал во Велес и патувал низ градовите на цела поранешна Југославија. Темпераментот и немирниот дух и пред се неуморниот карактер го поттикнале да оствари уште една животна цел, да отвори и приватно фото студио во родниот град.

Тогаш најчесто ги купувал материјалите од професионалната продавница во Загреб, на улицата „Хондлова“ број 2, како и од Белград. Таму ги набавил и првите машини за изработка на фотографии. Мајстор Боре купувал и фотографски апарати, „Практиката“ ја заменил со за тогаш најпрофесионалната „Лајка“, а подоцна како професионалец почнал да работи со јапонските марки „Никон“ и Канон“, што ги користи до ден денеска.

„Овој период е веќе почеток со работа на мојата приватна фирма. Го отворив фото студиото „Весна“ и затоа многу често патував и следев се што беше новина на саемите во Минхен. Во 1978 година се вработив а во 2000 година ја напуштив работата во Народен Музеј и целосно му се посветив на приватниот бизнис. Со колегата Трајче од Штип не пропуштивме ниту еден саем за фотографски апарати и материјали. Заедно и во исто време ги купивме првите машини за изработка на колор фотографија и ги донесовме во нашите студија во Велес и во Штип. Тогаш тоа беше првата машина за изработка на колор фотографија во Велес. Потоа цел на нашите патувања, се разбира професионални, беше најголемиот саем во Келн, и набавката на што посовремени машини и квалитетни материјали за изработка на фотографии,“ рече мајстор Боре.

Тој е сведок на промената, од аналогна на дигитална технологија, во фотографската дејност. Веродостојно ги раскажува моментите кога дигиталната опрема го скратила времетраењето на изработката на фотографиите во негото студио. Пократко време и поквалитетниот производ со кој особено биле задоволни граѓаните.

„Тоа ни го овозможија фотографските апаратите и машини на брендот Коника. Колегата Трајче беше претставник за Македонија и јас во периодот од 2000 до 2006 година ги направив првата па потоа и втората машина со дигитален софтвер, за изработка на професионална фотографија. Значи да го следам технолошкиот развој. Првата машина ја купив во 2002 година а втората четири години подоцна,“ рече Левков.

Градскиот фотограф од тогаш па се до 2015 година постојано ги следи и ги применува сите новитети во професијата. Се така до лани кога мајстор Боре замина во пензија но, не го остави фотографскиот апарат туку и понатаму се дружи со него и присутен е на сите настани во Велес. Тој сега, исто како и порано, е верен соработник на новинарите. Фотографира и за нив, за своите пријатели, со кои помина голем дел од својот живот на разни настани и случувања во градот. Мајстор Боре, градскиот фотограф и хроничар на Велес, разговорот го заврши токму со сеќавањата за соработката со новинарите како Перо Трајков, Стоилко Андреевски, Љубе Ивчев, Никифор Смилевски како и со новинарите од поранешното градско Радио Велес кое важи за расадник на новинарските пера во Велес.

Убавка Јаневска

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.

8xbet คาสิโนออนไลน์888
8xbet
8xbet
ผลบอลสดไทยทุกแมชทั่วโลก
วิธี สมัคร บา คา ร่า มือ ถือ
ดูบอลสดดูบอลออนไลน์
ข่าวฟุตบอล
8xbet บาคาร่า
8xbet เว็บพนันออนไลน์เว็บตรง
บอลไทย U23
แทง บอล เดี่ยว
ข่าวบอลอังกฤษ
การคาดการณ์การแข่งขัน
8xbet คาสิโนสด
คะแนน ผล บอล สด 888
พัทยาสปอร์ต
ข่าวกีฬาเขตร้อน
ผลบอลสดวันนี้
ดูบอลสด
ถ่ายทอดสดฟุตบอล
ราคา บอล ภาษา ไทย
8xbet แจกเครดิตฟรี 1000บาท
ไทยล่าสุดฟุตบอลยุโรป
ดูบอลออนไลน์888
โปรแกรม ฟุตบอล ไทย วัน นี้
8xbet
888 ผล บอล สด ภาษา ไทย
8xbet-สล็อตแมชชีน
ถ่ายทอดสดฟุตบอลวันนี้
ดูการแข่งขันฟุตบอลออนไลน์
วันนี้ล่าสุดฟุตบอล
ดูบอลสด
ดูบอลสดดูบอลออนไลน์
กษัตริย์สปอร์ต
เว็บข่าวกีฬา
ข่าวกีฬา ข่าวฟุตบอล
ดูบอลสด
ผล บอล ไทย 888
ฟุตบอลไทยล่าสุด
บอล วัน นี้ บ้าน ผล บอล
ผลบอลสดไทย
ผล บอล สด 888
อัปเดตข่าวบาดเจ็บ ล่าสุด
ผล บอล สด ตาราง คะแนน
ดูฟุตบอลออนไลน์
ข่าวกีฬา ผลการแข่งกัน
8xbet
ตาราง บอล สด ไทย
วิธี สมัคร บา คา ร่า มือ ถือ
ข่าวกีฬาวันนี้
ผลบอลสดวันนี้
8xbet
ข่าวกีฬาสดใหม่
Sport Live News
8xbet สล็อตออนไลน์
8xbet คาสิโนสด
meta789 สถานีข่าวกีฬาฟุตบอล
การเดิมพัน 8xbet
ผล บอล ไทย สด
8xbet
8xbet - หน้าแรกการเดิมพันออน
8xbet คาสิโนออนไลน์
ดูบอล ดูบอลสด
8xbet เข้าสู่ระบบ
8xbet คาสิโนออนไลน์
8xbet คาสิโนสดไทย
8xbet
ดูบอลสด วันนี้ HD ครบทุกคู่
ข่าวกีฬาวันนี้
8xbet คาสิโนถูกกฎหมาย
ดูบอลสดดูบอลออนไลน์
คะแนนฟุตบอล และข่าวสาร
8xbet
ดูบอลออนไลน์
ข่าวกีฬา ฟุตบอล
บอลไทย U23
ผล บอล พรีเมียร์ ลีก
TNS Thai Sport
ตก็สามารถดูบอลออนไลน์ได้ทันที.
8xbet
พนัน บอล สด
ดูบอลสดดูบอลออนไลน์
ตารางบอล
แพลตฟอร์มการเดิมพันชั้นนำของเอเชีย
ข่าวกีฬาวันนี้
เว็บไซต์รวมกีฬาและภูมิศาสตร์มนุษย์ของประเทศไทย
ฟุตบอลวันนี้ ถ่ายทอดสด
ผล บอล ไทย สด
โปรแกรม บอล ไทย u23
8xbet ออนไลน์
8xscore
ข่าวฟุตบอล
8xbet คาสิโนออนไลน์อันดับ1
วิธี สมัคร บา คา ร่า มือ ถือ
บอล สด 888
8xbet
สกายสปอร์ต
การดำเนินชีวิตที่เทคโนโลยี
ดูบอลออนไลน์ ไม่กระตุก
วิธี สมัคร บา คา ร่า มือ ถือ
สำหรับคอกีฬาอย่างคุณไม่ควรพลาด
8xbet สโมสรกีฬาออนไลน์และคาสิโน
คาสิโนออนไลน์ 8xbet
ไฮไลท์ฟุตบอลตารางบอล
ดูบอลออนไลน์ทุกลีกทั่วโลก
ผลบอลสดวันนี้
ฟุตบอลต่างประเทศ
8xbet คาสิโนออนไลน์
ดูบอลสดฟรี
ดูบอลฟรี android tv รองรับทุกระบบ
ข่าวฟุตบอลไทย
ข่าวฟุตบอลล่าสุด
8xbet เว็บคาสิโนสด
บอลไทย ตารางแข่ง
Nuru Sports Club
ดูฟุตบอลออนไลน์
8xbet เว็บบาคาร่าออนไลน์
ข่าวฟุตบอลไทยล่าสุด
วันนี้ล่าสุด
Sunshine Sports
ผลบอลพรีเมียร์ลีก
ข่าวฟุตบอลไทยล่าสุด
ดูบอลสดดูบอลออนไลน์
และกีฬาอื่นๆ
ผลบอลเมื่อคืน
8xbet เครดิต ฟรี
สารานุกรม
8xbet
ข่าวกีฬาวันนี้
ผลบอลสด
แทง บอล ขั้น ต่ํา
ผล บอล พรีเมียร์ ลีก อังกฤษ ล่าสุด ลา ลิ กา
บอลไทย
ตารางบอลล่าสุด
พรีเมียร์ลีก
ผลบอลผลบอลสด
โปรแกรม บอล
ข่าวการแข่งขันฟุตบอล
เว็บดูบอลออนไลน์ที่จะช่วยให้คุณ
8xbet คาสิโนออนไลน์
ดูทีวีออนไลน์
8xbet คาสิโนบาคาร่า
ดูบอลสด
การคาดการณ์การแข่งขันอ
ได้เครดิตฟรี 100 บ
โปรแกรม ถ่ายทอด ฟุตบอล สด
อัปเดตข่าวฟุตบอล ล่าสุด
ถ่ายทอดสดฟุตบอล
ฟุตบอลเชลซีถ่ายทอดสด
วิธีแทงบอลในเว็บ
ถ่ายทอดสดฟุตบอล
แทง บอล ออนไลน์ ยัง ไง
อัตรา แทง บอล
พนัน บอล สด
รวมข่าวฟุตบอล ผลบอล
ผลบอลสด7m888
8xbet การพนันออนไลน์
ข่าวกีฬา
ผลบอลสด
8xbet คาสิโน มีอะไรบ้าง
ฟุตบอลทีมชาติไทย
ตาราง ฟุตบอล ทุก ลีก
แทง บอล คือ อะไร
ตาราง คะแนน พรีเมียร์ ลีก
โปรแกรมถ่ายทอดสด
ดูบอลออนไลน์
ข่าวกีฬา
บอล พรีเมียร์ ลีก
คะแนน บอล สด
ผลฟุตบอล
ผลฟุตบอลไทยวันนี้
ผลบอลสดไทยทุกแมชทั่วโลก
ข่าวกีฬาออนไลน์
ไฮไลท์ฟุตบอล
Sports Around Thai
8xbet เครดิตฟรี50 แทง บอล
ไฮไลท์ฟุตบอล
สล็อตออนไลน์
กีฬาต่างประเทศ ผลบอล
เดิมพันแมนเชสเตอร์ซิตี้
ผลบอลสด888
8xbet คาสิโนออนไลน์เว็บตรง
ไฮ ไล ท์ แมน ยู ล่าสุด
ผล บอล พรีเมียร์ ลีก อังกฤษ ล่าสุด
เว็บไซต์เดิมพันกีฬาที่ดีที่สุด
ดูบอลออนไลน์
เดิมพันกับ 8xbet
วิเคราะห์บอล
8xbet
8xbet คาสิโนออนไลน์ที่ดีที่สุดในเมืองไทย คา
ข่าวกีฬาวันนี้ ล่าสุด
ดูฟุตบอลออนไลน์
ดูบอลสดไทย
8xbet สล็อตแมชชีน
พนัน บอล สด
ข่าวบอลพรีเมียร์ลีก
แม็กกี้ สปอร์ต
8xbet
ข่าวกีฬา ล่าสุด
4U Sports Thai
8xbet คาสิโนพรีเมียม
ข่าวกีฬาล่าสุด
ผลบอลสด888 บอลพรุ่งนี้
เกมสล็อต 8xbet
ดูบอลออนไลน์ทุกลีกทั่วโลก
ผล บอล สด 365
ผลบอลพรีเมียร์ลีก
8xbet คาสิโนออนไลน์
8xbet
กีฬาแห่งประเทศไทย
8xbet
ถ่ายทอดสดฟุตบอล
ข่าวกีฬาไทย 24
สล็อตออนไลน์เว็บตรงไม่ผ่านเอเย่นต์ PG SLOT99
ผล บอล สด sbobet
เว็บโป๊กเกอร์ออนไลน์ ที่ pokerthai99
ผลบอลสด
ฟุตบอลไทยวันนี้ช่องไหน
อัตรา แทง บอล วิเคราะห์บอล
รายการ บอล วัน นี้ พรีเมียร์ ลีก
ผลฟุตบอลไทยวันนี้
ถ่ายทอดสด บอลวันนี้ ช่อง
ถ่ายทอดสด บอลวันนี้ ช่อง
ทีเด็ดบอลวันนี้ 4 คู่ผลบอลสด
ตารางบอลวันนี้ ทุกลีก ภาษาไทย
ดูวิเคราะห์บอลวันนี้
ไทยลีก วันนี้ ถ่ายทอดสดไทยลีก วันนี้ ถ่ายทอดสด ช่อง ไหน
โปรแกรม พรีเมียร์ ลีก อังกฤษ ถ่ายทอด สด
เช็ค ผล บอล วัน นี้ พรีเมียร์ ลีก อังกฤษ
888 ผล บอล ผล บอล สด