Основен суд Велес го закажа судењето на екс претседателот на Основен суд Скопје 1, Панчевски
Основнот суд Велес за 21 октомври, годинава, го закажа судскиот процес против обвинетиот Владимир Панчевски поранешен претседател на Основен суд Скопје 1. Тој е обвинет за злоупотреба на службена положба и овластување по член 353 став 2 и став 1 од Кривичниот законик.
Според обвинителниот акт, Панчевски ,како претседател на Основен суд Скопје 1, ги повредил правата на граѓаните во неколку предмети за судење пред независен и непристрасен суд , спротивно на член 6 од Законот за судови, со тоа што наместо распределба по Акмис системот тој ставал парав и распределил предмети на судии.
Дел од нив се предмети од Организиран криминал а другиот дел се обични кривични предмети, против полнолетни лица граѓани на Република Северна Македонија.
Судскиот процес ќе го суди судија поединец на Основен суд Велес. За овој судски процес Велешкиот суд доби делегирана надлежност од скопскиот Апелациски суд поради обезбедување на независност и непристрасност на процесот. Обвинението против екс претседателот на Основен суд Скопје 1, Владимир Панчевски, го покрена Јавното обвинителство Скопје. Засега не се знае дали тоа или пак јавното обвинението Велес ќе го застапува предметот против обвинетиот Панчевски./У.Ј