Општината обезбеди пари за изградба на нова водоводна линија во населба Речани во Велес
4.06.2020
Ќе се гради магистрална водоводна линија во должина од 795 метри за водоснабдување на жителите на населбите Речани, Трпезица, Дурутовец, Чолошево и Урбанистичкиот блок на „Езеро Младост”. Водоводната линија ќе се протега од Железен Мост до пристапниот пат поточно надвозникот за населба Весела Долина кај Речани. Учеството на ЈКП „Дервен“ е со набавка на инсталаторска опрема.
-Изградбата ќе чини 2,5 милиони денари. За подобрување на водоснабдувањето на населеното место Речани општината учествува со 800 илјади денари додека 1,7 милиони денари ги обезбедени преку проект од Министерството за животна средина и просторно планирање, рече Градоначалникот Аце Коцевски.
Постоечката по изградбата на магистралната водоводна линија ќе остане во функција и ќе се користи како секундарна и дополнителна доводна водоводна линија.
По изградбата на оваа магистралната водоводна линија, за жителите на населба Речани да добијат уште седум секундарни линии за водоснабдување со вкупна должина од 4.446 метри, дополнително ќе се обезбедуваат финансиски средства./У.Ј