Расте водостојот на реките во велешко, Вардар во делот над Железен мост близу излевање од речното корито 

Објавено на 6 август, 2020 во 16:02

Vardarnaslovna

06.08.2020

Во изминатите 24 часа за 30 см е повисоко водостојот на река Вардар. Денеска во Велес нивото на водата е зголемено за 110 см од вчера утро измерените 80 см. Во речното корито има повеќе вода за 30см и нема регистрирано излевање на територијата на општината.

-Нема ни поплаки од страна на граѓани за излевање или некакви штети. Просекот за месец август изнесува 36 см што значи дека засега нивото на количината на вода е во границите на дозволеното. Континуирано ја следиме состојбата, рече Билјана Симова, раководител на Дирекцијата за заштита и спасување Велес.

На фотографиите,снимени, доцна попладнево се гледа дека водата се искачила и ја зафатила пешачката патека, што најчесто ја користат рибарите, на брегот на река Вардар во делот на месноста викана „Бавчите“, од страната на населбата Речани.

Vardartekst

Обилните дождови вчера го зголемија и нивото на водата на река Бабуна. Во Богомила, Општина Чашка, водостојот е повисок за 13 см. Се зголемува водостојот и на река Тополка.

И Центарот за управување со кризи ги има истите податоци.

Денеска во Општина Велес стигнале неколку барања од велешани за проблеми со дрвја за што на терен излегле вработените од Одделението за заштита на животна средина./У.Ј

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.