Велешанец пријавил дека го тепале двајца играчи на фудбалскиот клуб во Бузалково по натпревар во Башино Село
Објавено на 29 октомври, 2024 во 17:11
Во Полициска станица Велес, вчера вечер, во 20:48 часот велешанецот М.Н.(40) пријавил дека, ден претходно во Башино село, велешко, во близина на спортското игралиште, по завршување на фудбалскиот натпревар помеѓу екипите на ФК „Горски“ и ФК „Бузалкова“ бил физички нападнат од двајца играчи на клубот од Бузалково.
-М.Е. и С.А., играчи од ФК „Бузалкова“ физички го нападнале М.Н од Велес. Се преземаат мерки за расчистување на настанот, соопшти Биљана Ѓаковска портпаролка на Сектор за внатрешни работи Велес.
Дума.мк