Велешанец пронајден починат во својот дом
Објавено на 21 септември, 2022 во 13:41
Седумдесет и четири годишниот Б.Ч од Велес, вчера, бил пронајден мртов во својот дом. Лекар од Итна медицинска помош констатирал дека смртта настанала без видливи траги на насилство а увид на местото извршила екипа од Сектор за внатрешни работи Велес.
Од Сектор за внатрешни работи Велес информираат дека случајот бил пријавен вчера во полициска станица Велес.
По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција.
Стефани Манева