Велешанец се здобил со тешки повреди откако неговото возило се придвижило и го удрило додека ја отворал гаражата
Шеесет годишниот Д.С од Велес, се здобил со тешки телесни повреди откако неговото возило коешто го стартувал за да го препаркира во гаража се придвижило и го удрило додека тој ја отворал вратата од гаражата во дворот од викенд куќа во населба Отовица.
-Во Ургентен центар Велес беше донесен Д.С по што веднаш му беше направен ренген и компјутерска томографија на цело тело. Констатирани се скршеница на повеќе ребра од лева страна на граден кош како и скршеница на лева натколеница. Пациентот е задржан на понатамошно лекување и хирушки третман на Оддел за ортопедија и трауматологија во ЈЗУ Општа болница Велес, соопшти Марина Андова порпатолка на велешка болница.
Во Сектор за внатрешни работи Велес случајот бил пријавен во 13:49 часот од страна на Ургентен центар Велес.
-На 16.06.2024 во 13.49 часот во СВР Велес, од Ургентен центар Велес било пријавено дека
кај нив со тешки телесни повреди бил донесен Д.С.(60) од Велес. Според пријавеното, во
дворот од викенд куќа во населба Отовица тој бил удрен од неговото возило „пежо“. Имено, тој го
стартувал возилото за да го препаркира во гаражата, а кога излегол да ја отвори вратата на
гаражата го оставил возилото да работи, при што тоа се придвижило и го удрило, соопштија од СВР Велес.
Увид бил извршен и за настанот бил запознаен јавен обвинител.
Стефани Манева