Велешанец со автомобил излетал од патот кај село Дреново, кавадаречко
Објавено на 26 март, 2024 во 11:33
Со тешки телесни повреди се здобил четириесет и едно годишниот И.Б од Велес, кој вчера, со патничко возило „фолксваген поло“ излетал од локалниот пат кај село Дреново, кавадаречко, кон крсотсувањето со регионалниот пат.
Сообраќајната незгода во 10:00 часот била пријавена во Одделение за внатрешни работи Кавадарци.
-Повредите на возачот се констатирани во болницата во Кавадарци. За незгодата бил известен јавен обвинител а увид на местото извршила увидна екипа од ОВР Кавадарци, соопшти Биљана Ѓаковска портпаролка на Сектор за внатрешни работи Велес.
Дума.мк