Велешанец возел кола со фалсификувана бугарска возачка дозвола, доби кривична пријава
Објавено на 19 октомври, 2023 во 10:43

Дваесет и две годишниот Д.А од Велес, доби кривична пријава поднесена од Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа” по член 378 од Кривичниот законик.
Од Министерство за внатрешни работи соопштуваат дека велешанецот во текот на 2022 година во Република Бугарија набавил фалсификувана бугарска возачка дозвола за управување со моторни возила.
-Таквата фалсификувана возачка дозвола на 12.02.2023, при управување патничко возило „бмв“ со бугарски национални ознаки, ја дал на увид на полициски службеници кои вршеле редовна контрола. Притоа, било констатирано дека дозволата е фалсификувана, додаваат од МВР.
Дума.мк
