Велешанец заврши во полициска станица за точење на алхохол на малолетничка
Објавено на 9 октомври, 2023 во 15:04
Полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода Т.Н.(20) од Велес затоа што во угостителски објект рано утринава, во 03:10 часот послужил со алкохолен пијалок малолетничка од Велес.
За настанот бил известен социјален работник и во негово присуство со малолетничката бил извршен службен разговор во Полициска станица Велес.
„Т.Н. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава,“ соопшти Сектор за внатрешни работи Велес.
Убавка Јаневска