Велешанецот со делта сој вирусот пуштен дома, велешката болница по втор пат без ковид пациенти
Објавено на 10 јули, 2021 во 14:26
Негативен резултат од земен контролен брис доби 43 годишниот велешанец кој се лекуваше од делта сој на Ковид-19 во ЈЗУ Општа болница Велес. Брисот бил земен вчера кога и стигнале резултатите.
-Бидејќи резултатите на контролниот тест се негативни тој е испишан од лекување на Инфективно одделение, рече д-р Елеонора Јованова портпарол на велешка болница.
Во моментов на Инфективно одделение во Општа болница Велес нема потврдени ковид пациенти, ниту суспектни. Тоа значи дека болницата по втор пат се враќа на комплетните здравствени услуги без ковид центар и карантински дел.
Убавка Јаневска