Велешани, време е за солидарност: семејството Јовевски остана без дом – потребна е наша помош

Во само еден миг, оган ја уништи куќата на семејството Јовевски. Домот во кој се растени генерации, домот што носел топлина, љубов и спомени – повеќе речиси да не постои. Семејство со три малолетни деца остана без покрив над глава, без облека, без свој агол под небото.
-Додека сите се подготвуваме за студените денови, тие ја започнуваат зимата без дом. Без сигурност, без мир, со надеж дека некој таму ќе им подаде рака. Сега е моментот кога човечноста треба да зборува погласно од сè друго. Да им помогнеме повторно да изградат дом, да почувствуваат дека не се сами, дека оваа зима може да биде барем малку потопла ако ја поделиме топлината меѓу нас. Вашето малку – за нив значи многу. Секој денар, секоја облека, секоја помош има вредност што не се мери во бројки, туку во надеж, пишува во апелот за помош.
Контакт телефони – Јовевски Орданче – 078/457-119 и Јовевска Пандорка – 071/315-072
Трансакциска сметка:
Pandorka Jovevska
210501648880642 – NLB Banka
Девизна сметка ќе биде отворена за уплата од странство.
Може да се помогне и преку Western Union на нивно име.
Да не дозволиме зимата да им ја изгасне вербата. Да покажеме дека човечноста сè уште живее меѓу нас.
Дума.мк


