Велешани за семејството Јовевски – хуманитарна новогодишна вечер „Со љубов за нов дом“

Објавено: 13 декември, 2025, во 12:23 часот

Семејство Јовевски од Велес, чиј дом го пеплоса пожарот на 27 октомври, ќе добие поддршка преку хуманитарна новогодишна вечер „Со љубов за нов дом“, што ќе се одржи на 14 декември 2025 година во ресторанот „Сангрија“, со почеток во 19 часот.

„Кога ќе видиш семејство кое преку ноќ останало без дом, сфаќаш дека заедницата мора да покаже сила. Ова е нашиот начин да им покажеме дека не се сами,“ изјави Лорета од „Teen Vibe“.

Настанот го организира Teen Vibe – Велес и Лорета, која последните години активно спроведува хуманитарни активности во градот. Целта е да се помогне на семејството кое останало без покрив над глава и да им се врати надежта за нов почеток.

Лорета порачува дека ваквите акции се повеќе од собирање средства: „Секој настан е можност да внесеме надеж и насмевки во животот на оние кои се во потреба. Тоа е најголемата награда. И секоја насмевка на дете ни дава сила да продолжиме.“

Настанот ќе вклучи детска програма со Мики и Мини и Дедо Мраз, како и новогодишни пакетчиња за најмладите посетители.

Хуманитарната вечер е поддржана од Жито Маркети, Спарта Евент Центар, Мики и Мини – Велес, Ресторан Сангрија, Љупчо Мастер Хип, Голди Радио, како и повеќе анонимни донатори.

Организаторите најавуваат дека ваквите активности ќе продолжат и во наредниот период, со цел да се помогне на што повеќе семејства погодени од кризи и несреќи.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.