Велешка Општа болница, годинава, ангажирала 36 лекари специјалисти на Клиники од Скопје и во државата за потребни лекувања на пациенти
Објавено: 15 јули, 2025, во 16:01 часот
Освен примените 11 приватни специјализанти, кои паралелено со специјализацијата веќе работат со менторство на долгогодишните лекари на Одделенијата на Општа болница Велес, на почетокот на годинава, јавната здравствена установа склучила спогодби за непрекинато вршење на здравствената дејност со лекари специјалисти од други јавни установи во државата со цел да ги издава потребните здравствени услуги како на Велешани така и на граѓаните, пацинети од соседните општини. Вака од јавната здравствена установа во Велес одговорија на прашањето на Дума.мк како ќе се амортизира потребата од високо стручен здравствен кадар којшто им е потребен на пациентите по заминување во пензија на дел од лекарите и групата која од пензија ја дели од неколку месеци до две години.
Според директорот Александар Бузалков, од месец јануари 2025 година, во велешка Општа болница доаѓаат вкупно 36 лекари специјалисти од Универзитетските клиники од Скопје, Клиничка болница од Штип, “Св.Наум Охридски” од Скопје, ГОБ 8ми Септември од Скопје и од Здравствен дом Свети Николе.
-Станува збот за еден специјалист по Офтамологија на ЈЗУ Универзитетска Клиника за очни болести од Скопје за прегледи на очи, по еден лекар специјалист по физикална медицина и рехабилитација на Клиничка болница од Штип и Универзитетска Клиника за физикална медицина и рехабилитација од Скопје или вкупно двајца за потребите на пациентите на Одделението за физикална терапија. Потоа двајца специјалисти по Урологија од коишто еденеспецијалист на Универзитетска Клиника по хирушки болести „Св. Наум Охридски” од Скопје и втор специјалист по урологија на Универзитетска Клиника за урологија од Скопје. Исто така за потребите од Анестезија и интензивно лекување потпишани се спогодби со 12 лекариспецијалисти по ОАРИЛ од Универзитетска Клиника „ТОАРИЛУЦ“ од Скопје и уште еден лекар специјалист по ОАРИЛ на ГОБ „8ми Септември“ од Скопје како и со 11 лекари специјалисти за Радиодијагностика од Универзитетска Клиника по хирушки болести „Св.Наум Охридски” од Скопје и еден лекарспецијалист по РТГ на Здравствен дом од Св.Николе. За потребите од болести од Оториноларингологија поточно уво, нос и грло ангажирани се тројца лекариспецијалисти на Клиничка болница Штип, за Интерните болести како што е гастроентерохепатологија доаѓа еден лекарспецијалист на ГОБ „8-ми Септември“ од Скопје додека за Гинекологија и Акушерство тројца лекариспецијалисти на Универзитетска Клиника за гинекологија и акушерство од Скопје,додаде Бузалков.
Директорот на велешка Општа болница смета дека ова решение е адекватно поточно ја задоволувало потребата од издавање на квалитетна здравствена услуга на пациентите.
Убавка Јаневска


