Велешки Црвен крст организираше бесплатно мерење на притисок и шеќер во крвта
Објавено на 3 април, 2024 во 13:44
Мерење на крвен притисок и шеќер во крвта, денеска, беа бесплатно организирани во просториите на Здружение на пензионери во Велес од страна на велешки Црвен крст.
На бесплатните прегледи за лица од трето доба се појавиле околу 40 возрасни граѓани, пензионери, коишто по добиените резултати добиле и совет од лекарот за понатамошно одржување на сопственото здравје.
За време на прегледите во самата акција биле вклучени тројца волонтери од од Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Велес.
Стефани Манева