Велешки Црвен крст со хуманитарен штанд по повод „Недела за борба против гладта“
Тринаесет волонтери на Црвен крст на РСМ Општинска организација Велес, денеска, поставија хуманитарен штанд на локацијата кај велешани позната како „Панини“, како дел од кампањата во рамки на „Неделата за борба против гладта“. На штандот имаше поставено вредносни бонови од 20 денари како и симболични подароци со мотивациски пораки коишто волонтерите претходно ги изработиле на работилница организирана од велешки Црвен крст а за кои велешани донираа парични средства во поставената кутија за донации.
-Средствата коишто денеска ни ги донираат граѓаните како организација ќе ги искористиме за набавка на хуманитарни пакети коишто подоцна ќе бидат поделени на семејства или пак лица кои живеат во социјален ризик, рече волонтер на велешки Црвен крст.
Инаку „Неделата за борба против гладта“ започнува од 16-ти и трае до 22-ри октомври секоја година.
Стефани Манева
фото: