Велешки Црвен крст спроведе бесплатни прегледи за мерење на крвен притисок и шеќер во крвта во Градско

Објавено на 16 ноември, 2023 во 11:09

Волонтерите на Црвен крст – Општинска организација Велес, денеска, реализираа акција за бесплатно мерење на крвен притисок и шеќер во крвта во Градско. Вкупно триесет и девет лица од трето доба го извршија прегледот во Здружението на пензионери огранок од Градско.

Од велешкиот Црвен Крст соопштија дека прегледите за време на акцијата се спровеле под надзор на др. Филип Тодоровски којшто е волонтер со повеќе од 40 годинишно искуство. Покрај него волонтерите на организацијата како и лица од стручната служба биле постојано помагале за време на бесплатните прегледи.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.