Велешкиот уметник со автентични лични изрази (фото и видео)
Пред 16 години талентиран млад ликовен уметник, дизајнер, графичар денеска дипломиран ликовен педагог на насока сликарство. Творештвото на велешанецот Васил Гаврилов е составено од десетици уметнички дела изработени во различни ликовни техники. Инспирацијата уметникот ја црпи од прочитани книги или лични случки а за творештвото вели дека го сочинуваат дела со автентични лични изрази и дел наменети за продажба.
-Jас најчесто црпан инспирација,пред се кога станува збор за автентичност и оригиналност, од книги, од нешто што ќе прочитам, од случки, од емпиризам односно од искуственото. Така ги создавам моите автентични,оригинални уметнички дела. Моето ликовно творештво јас би го поделил на комерцијални и лични автентични дела. За автентичните дела ќе кажам дека ја црпам инспирацијата токму според една книга на еден познат американски новилист, филозоф Вилијамс Бороу. Ќе се водам од една мисла што морам да ја прочитам на англиски јазик „ When you put two minds together there’s always three mind“, што значи дека кога веќе два ума ќе се судрат на тогаш секогаш доаѓа до создавање на трет ум, рече Гаврилов.
Комерцијалните дела од творештво на Гаврилов се реалистични и инспирани најчество од природните убавини на Македонија. Тој е вљубеник во планинарење и пејсажите се негова пасија. Овој уметник во творештвото преферира да користи разновидни материјали и техники. Сака да експериментира но исто така е препознатлив и по колоритноста.
-Мотивот на една слика е од искачување на Солунска глава. Потоа на втора се пренесени сегменти и мотиви од Охрид, потоа од топлите извори во Демир Капија, додека на другите дела сликам мртва природа. Порано изработив неколку дела коишто се поврзуваат со мотиви од мојот град Велес кадешто сум роден, додаде Гаврилов.
Гаврилов создава уметнички дела во А4 формат изработени од колаж хартија, на различни теми кои и припаѓаат на надрелна уметност или инспирирани од научна фантастика.
-Користам спреј, маслени и акварел бои, но и колаж хартија, хартија во боја, исечоци од книги, весници и слично. Но најчесто преферирам да создадам уметност во која што ќе се имплементираат најразлични материјали. Делото ќе биде изработено во комбинирана техника, додаде Гаврилов.
Ентузијазмот, амбициозноста, позитивната енергија, скромноста и особено, хуманоста, се главните карактерни црти на овој млад уметник. По привременените вработувања како наставник по ликовно образование и воспитување во основните и средни училишта во општина Велес сега Гаврилов е стручен соработник образовен асистент во ООУ „Васил Главинов“. Работата со ученици со посебни потреби му причинува особено задоволство но не го оддели од создавањето на уметнички дела.
Убавка Јаневска
Стефани Манева