Велешкиот воздух четири денови со зголемени концентрации на ПМ 10 и пикови на ПМ 2,5 честички
Објавено: 4 декември, 2025, во 15:48 часот
Наместо до 50 мг/м3 воздух во изминатите четири денови зголемени се вредностите на опасните ПМ 10 честички во воздухот во Велес. На единствената станица за мерење на квалитет на воздух во градот, поставена во двор на детска градинка „Димче Мирчев“ во населба Тунел, вредностите започнаа да се зголемуваат од 29 ноември кога 24 часовниот мониторинг регистрира скоро 81 мг/м3. Ден потоа, на 1 декември, концентрациите на ПМ 10 се еден ипол пати над дозволените граници додека завчера 2 ноември и вчера 3 ноември, скоро два пати над дозволените граници.

Концентрациите на уште по опасните ПМ 2,5 честички прикажани во едночасовни вредности започнуваат да се зголемуваат од 30 ноември, годинава, значи од пред четири денови кога наместо до 25 мг/м3 воздух регистрирани се во пикови до 184 мг/м3 воздух поточно на 3 декември, во 21:00 часот или скоро пет пати повеќе од дозволеното. За ПМ 2,5 честичките лекарите, специјалисти по пулмологија се децидни во ставовите и оценките за нивната канцерогеност.
Убавка Јаневска


