Велешките „Акцијаши ветерани“ го подготвија просторот за одржување на годинешната Мелничка Иселеничка средба во Општина Чашка

Објавено: 19 јули, 2026, во 13:31 часот

Ја исчистија севкупната задна површина на училишниот двор на подрачното општинско училиште „Тодор Јанев“, површната на која се паркираат возилата и улицата во населеното место Мелница, денеска, членовите на ЗГ „Акцијаш ветерани“. Тие работеа од раните утрински часови до пладне во пресрет на одржување на четвртата традиционална “Мелничка Иселеничка средба Мелница 2026” којашто ќе се одржи во вторник, 21 јули, годинава, во ова село на Општина Чашка.

Претседателот на акцијашкото ветеранско граѓанско здружение Горан Петков рече дека акцијата се изведе на барање на Организациониот одбор на културната манифестација чии членови, жители на село Мелница, исто така, работеа заедно со акцијашите ветерани.

-Со членовите на Организациониот одбор работевме заедно и успеавме максимално ударнички да ја исчистиме и уредиме севкупнаа барана површина која што, сега, домаќините можат да ја стават на располагање како на жителите на Мелница така и на сите гости кои што традиционално доаѓаат на оваа позната исселеничка средба во Македонија. Оваа доброволна локална акција е последна на бригадирите на ЗГ„Акцијаш ветерани“ пред поаѓање на Меѓународната работна акција ОРА„Нови Пазар 2026“ која што се одржува во истоимениот град, во соседна Србија, додаде Петков.

Според Петков, ЗГ „Акцијаш ветерани“ од Велес на ОРА „Нови Пазар 2026“ ќе учествува со 3 акцијаши ветерани и 2 младинци во составот на Македонската бригада. Акцијата е седумдневна и сите учесници од Македонија, Босна и Херцеговина, Турција, Словенија и Србија заедно ќе работат на изградба и уредување на нов дел од плажите на езерото кое што се наоѓа во близина на Нови Пазар.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.