(видео) Голема хуманитарна акција на Гостилница „Боем“ за Свети Никола – велешани, до четврток донирајте новогодишни пакетчиња

Објавено: 11 декември, 2025, во 13:34 часот

Годинашната голема хуманитарна акција по повод празникот Свети Никола, што традиционално шести пат по ред ја организира гостилницата „Боем“ заедно со здружението „Нула гладни во Велес“, добива уште еден хуман сегмент – покрај топлите оброци, на дечињата од социјален ризик ќе им бидат поделени и новогодишни пакетчиња. Хуманитарната акција ќе се одржи во петок, на 19 декември, со почеток во 12:00 часот пред гостилницата „Боем“

Во видео изјава за Дума.мк, сопственикот на гостилницата „Боем“, Трајче Мешков, изјави дека сите граѓани коишто имаат можност во просториите на гостилницата можат да донесат новогодишни пакетчиња, кои потоа ќе им бидат поделени на сите деца од социјален ризик за време на хуманитарната акција.

-Годинава ќе нè удостои и Дедо Мраз, кој ќе подели пакетче за секое дете од социјален ризик. Апелирам до сите граѓани кои сакаат да донираат пакетчиња, тоа да го направат најдоцна до следниот четврток, на 18 декември, за да можат во петок да се распределат и да се израдуваат сите дечиња, рече Мешков.

Како новитет оваа година, на сите посетители ќе им се нуди и греено вино, за да се стоплат додека ја посетуваат хуманитарната акција.

Инаку, цената на еден оброк изнесува 75 денари, донациите се примаат на три начини, поточно на жиро сметка на здружението Нула гладни (210074329250187 НЛБ), потоа кутија за донации во гостилницата и сирова храна донирана во гостилница Боем.

Во текот на целата година, по повод христијански празници, гостилницата „Боем“ организира неколку хуманитарни активности со кои им помага на многу семејства и поединци во градот.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.